Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Живко Мукаетов: Нека ни е честит јубилејот, 85 години успешно работење на АЛКАЛОИД

Сподели:

 

Обраќање на Живко Мукаетов, Генерален директор, Претседател на управен одбор на Алкалоид АД Скопје по повод 85-годишниот јубилеј на компанијата.

 

Скромните почетоци на „Алкалоид“ датираат од август 1936 година кога на патот од Скопје кон Велес е отворен еден од најстарите капацитети за преработка на алкалоиди. Со само две постројки со 15 работници, денес 85 години подоцна, „Алкалоид“ има производни погони од 60.000 метри квадратни и над 2.500 вработени во базата во Скопје и во дваесетте подружници распоредени во 15 земји во светот.

 

 

 

– Успехот се должи на квалитетот на производите, квалитетот на кадрите кои работат во компанијата, на брендот „Алкалоид“ и на поединичните брендови кои ги имаме. Нашите инвестиции кои во изминативе 15 години достигнаа сума од близу 200 милиони евра алоцирани во производни капацитети, лаборатории, истражување и развој, технологии и континуирана едукација на нашите вработени, ни овозможуваат пласман на производи со супериорен квалитет кои можат да се носат рамо до рамо со кој било производ од својот сегмент во светот – вели генералниот директор Живко Мукаетов во неговото видео обраќање по повод 85. јубилеј на компанијата.

„Алкалоид“ денес повеќе од 60 процeнти од својот асортиман пласира во над 40 земји во светот.

– Гордо и посветено ќе продолжиме да работиме на глобализацијата на брендот „Алкалоид“. Корпоративната општествена одговорност за нас е врвен императив и влог за поттик на пошироко општествено делување – порача Мукаетов.

„Алкалоид“ и Фондацијата „Трајче Мукаетов“ на разни начини помагаат во развојот на македонското здравство и фармација, а инвестираат и во културата, спортот, образованието и во други општествени сфери.

Би сакал да се заблагодарам на сите генерации, членови на големото семејство Алаклоидовци за посветената работа и натчовечките напори, вложени за непречено одвивање на процесите! Нека ни е честит јубилејот – изјави генералниот директор на Алкалоид АД, Живко Муакетов.

Сподели: