Зоран Заев доби мандат за формирање Влада

Сподели

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска му го врачи мандатот за состав на Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

– Пречките за состав на Владата се отстранети. Денеска пристапуваме кон исполнување на член од Уставот за определување на мандатар за состав на Владата, рече во краткото обраќање претседателот Иванов.

 

Зоран Заев се заблагодари и посочи дека се остранети двете пречки за доделување на мандатот, односно претседателот на Собранието Талат Џафери испрати писмо до претседателот Иванов за формираното парламентарно мнозинство, а тој како манадатар испорачал изјава во форма на гаранција.

– Во име на формираното парламентарно мнозинство прво гарантираме заштита на унитарноста, сувернитетот територијатниот интегритет, независноста и мултиетничкност, заштита на уставниот поредок и на државните интереси и унарпедување на животот на сите граѓани без оглед на религиска етничка и јазичка припадност, почитување на основните демократски принциипи и владеење на правото не доведувајќи ја Македонија во состојба на потчинетост, истакна Заев.

Новиот мандатар Зоран Заев, според Уставот, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Актуелното парламентарно мнозинство во 120-членото Собрание на Македонија има поддршка од 67 пратеници на коалицијата предводена од СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците.