Вести Македонија Топ теми

Ѓорге Иванов денеска во 12:00 часот ќе го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на г. Зоран Заев

Сподели:

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска, во 12 часот, ќе го врачи мандатот за составување влада на Република Македонија на Зоран Заев, соопштија од кабинетот на претседателот.

По одржувањето на предвремените парламентарни избори, на 11. декември, ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеник, но не успеа да договори владина коалиција со албанските партии. СДСМ, кој на изборите освои 49 пратенички мандати, успеа да оформи парламентарно мнозинство со албанските партии, но Иванов досега одбиваше да го додели мандатот, барајќи гаранции за зачувување на унитарноста на Македонија и отфрлање на албанската платформа.

Сподели: