Алтернатива Музика и Филм Настани

“Звуците на Бразил” и Џон Илија Апелгрин во Македонска филхармонија

Сподели:

 

„Звуците на Бразил“ – Џон Илија Апелгрин, во Македонската филхармонија на 1 октомври, со почеток во 20.30 часот

„Звуците на Бразил“ e насловот на последниот проект на најистакнатиот македонски џез вокалист Џон Илија Апелгрен, и втор концерт од неговата концертна серија „Музичка прошетка“ која започна лани.
 
Апелгрен со својот бенд, составен од најдобрите џез музичари во Македонија, пред публиката веќе се претстави со француски шансони испеани на француски јазик, што беше и почеток на едно музичко патување кое продолжува годинава преку „Звуците на Бразил.“
 
Овој пат, тој со својот баршунест, емотивен вокал, ќе ни го донесе богатството на бразилската музичка историја, музиката која најчесто буди асоцијација за Бразил – босановата, самбата и џезот, испеана на оригиналниот португалски јазик. Бразилската музика е всушност уникатен спој на европска хармонија и мелодија, африканските ритми и културата на Индијанците.
 
Овој уникатен музичко-сценски концертен перформанс вклучува изведби на композиции со типичен бразилски мелос, во нови оригинални аранжмани, напишани од младиот македонски џез пијанист, композитор и аранжер Гордан Спасовски кој во овој проект се јавува и во улога на бенд лидер и пијанист.
 
Бидете и вие дел од оваа незаборавна музичка прошетка и уживајте во „Звуците на Бразил,“ на концертот кој според многумина ќе биде најважното културно случување оваа есен.
Сподели: