Во рамки на 47. издание на фестивалот Скопско лето, а во соработка и организација на Амбасадата на Република Казахстан, „Звуците на Големата степа“ претставува уникатна вечер посветена на богатото културно наследство на Казахстан преку настапите на етно-групата „Tarlans“ и кореографскиот ансамбл „Ayala“.
Публиката ќе има можност да ужива во автентични звуци на традиционални казахстански инструменти, современи етно-аранжмани и впечатливи кореографии инспирирани од духот на Големата Степа.
Настанот претставува спој на музика, танц и традиција што ја доближува казахстанската култура до македонската публика.
Парк на Франкофонијата, 17 јули, 2-.30 часот.
Влезот е слободен.


