Премиера на претставата „Вонземјани“ во МНТ

Сподели:

Премиера на претставата „Вонземјани“, на 28 јули во Македонскиот народен театар

автор: Игор Кузмановски
режија: Васил Михаил
костимографија: Благој Мицевски
сценографија: Дарко Дуковски
тонска обработка: Oscar Production
асистент на режија: Дамјан Јосифовски

Играат:

ТРПКО ТРАЈКОВ – Командант на единица за специјални задачи во пензија – НИНО ЛЕВИ

МАРТА – сопруга на Трпко – ДИМИТРИНА МИЦКОСКА

АНДРЕЈ – син на Трпко и Марта – ДИМИТАР ПАСКОСКИ

ЛЕА – ќерка на Трпко и Марта – НАУМ ЃОРЃИЕСКИ

ДЕСАНКА – мајка на ТРПКО – МАРИЈА НОВАК

ПАНЧЕ – полициски инспектор – НАУМ ЃОРЃИЕСКИ

ЉУЉЗИМ – другар на Трпко од војска – ДИМИТАР ПАСКОСКИ

РОМЕО – другар на Трпко од војска – НАУМ ЃОРЃИЕСКИ

МАРТИН –другар на ЛЕА – ДИМИТАР ПАСКОСКИ

ТОМЕ – сопственик на фабрика за топење на олово и алуминиум и за пестициди – ДИМИТРИНА МИЦКОСКА, НАУМ ЃОРЃИЕСКИ

МИХАЈЛО – пратеник – МАРИЈА НОВАК, НАУМ ЃОРЃИЕСКИ

ДОСТАВУВАЧ НА ПИЦА – НАУМ ЃОРЃИЕСКИ

ЧИСТАЧ – ДИМИТРИНА МИЦКОСКА

Васил Михаил:
„Вонземјани“ е претстава која пулсира во урнебесно комичен жанровски амалгам и ја отсликува нашата реалност во поглед на семејните односи, стереотипи, инвазијата на технологијата и лажните информации и корумпираноста на општествениот систем. Современиот театарски израз ни нуди естетика која е автентична и невообичаена, додека содржината длабоко продира во проблематичните теми на нашето и светско секојдневие. Духовитите дијалози и инцидентните ситуации до раб на апсурд прават социјалната горчлива драма за нашата реалност да биде свежа, комична и емотивна. Сензибилитетот на ликовите и околностите во кои се сместени се несомнено универзални, но затоа што авторот е домашен, тие природно го содржат во себе идентификацискиот код на овие простори. Вонземјанството е човечки симптом. Колку ли луѓе се вонземјани, а не знаат за тоа?

Игор Кузмановски:
Додека деца умираат од глад, додека луѓе гинат во војни, додека дишеме загаден воздух и јадеме храна полна со пестициди, додека секојдневно сме опкружени со лаги и лицемерие, можеме ли навистина да кажеме дека сме среќни? „Вонземјани“ е обид преку драмската форма да се погледнеме себеси од страна, како туѓинци што ја набљудуваат човечката цивилизација. Пораката на делото не е да даде конечни одговори, туку да поттикне размислување за вредностите што ги губиме и за светот што го создаваме. Ако човечноста исчезне, тогаш вистинските вонземјани нема да дојдат од вселената – тие ќе бидеме самите ние.

Копродукција на Здружение МАНА и Македонски Народен Театар

Премиерата ќе се одржи во рамки на манифестацијата Скопско Лето

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам

Линк за онлајн билети:https://mnt.mk/online/index.php?id=710

Сподели: