„Авантурите на Космонаутко“ од Денис Јанкуловски на 27. мај во МКЦ

Сподели

 

„Авантурите на Космонаутко“ од Денис Јанкуловски, 27. мај во 18 часот на Плато МКЦ

„Авантурите на Космонаутко“ е првото прозно дело на Денис Јанкуловски, познат во јавноста како Космонаутко.
 
Јанкуловски ги објавува неговите приказни од ковид-времето, а тие се топли, искрени, секојдневни и вистинити, полни со надеж. За многумина, Јанкуловски е еден од најголемите и најискрените хуманитарци од Македонија.
 
Добитник е на наградата „Европеец на годината“ за 2020 година, доделена од Делегацијата на Европска унија во Македонија. Добитник на наградата „Филантроп на годината“ за 2021 година, доделена од Horus Macedonia. Прогласен за Амбасадор на говор против омраза од страна на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Македонија, во 2022. Добитник на државната награда „Мето Јовановски“ за промоција, заштита и унапредување на човековите права, во 2022.
 
На промоцијата ќе настапат:
– Дени Жерновска
– Инклузивно танцово студио „Денсерс Jунајтед“
– Инклузивен хор на Трисомија 21 и колектив Ветерница