Алтернатива Настани

1ST OUTDOOR FESTIVAL DAUTICA 2016

Сподели:

MDprvoutdoorfestivaldautica2016sportskinastani

Планинарски дом Папрадиште,29 Мај

На 29 Maj, недела, членовите на Veles Free Biking, неколку здруженија на граѓани, поединци организираат 1st Outdoor Festival (Листата на организатори, учесници не е затворена и секој може да се приклучи во организацијата, и учеството). Како продолжеток на неколку минатогодишни активности во планинско трчање, планинарење, друмски и планински велосипедизам се роди идејата која ќе ги сплоти сите овие активности во еден заеднички настан.

Настанот е планирано да започне на 29 Мај во 9:30 часот од планинарскиот дом Папрадиште (1000 м.н.в.). Во тек е обележување и маркирање на планинарската патека до врвот Даутица. (2178 м.н.в). За помалку спремините предвидено е искачување до месноста Куртовица (1680 м.н.в.), или планинарскиот дом Чеплес (1430).

Во наредниов период се обележуваат и патеките за планински велосипедизам. За помалку спремните предвидено е возење до планинарскиот дом Чеплес (1430), за поспремните до месноста Куртовица (1680 м.н.в.), и за екстремните авантуристи до подножјето на Даутица (2100).

Исто така предвидена е и тура за планинарско трчање, која дополнително ќе биде одредена.

Групите за планинарење и велоспипедизам ќе се организираат на лице место, зависно од големината на групата, и за секоја група е обезбеден планинарски водич. Во планинарските домови Чеплес и Папрадиште е обезбеден бесплатен чај за сите учесници.

НАСТАНОТ Е ОД ОТВОРЕН КАРАКТЕР И НЕ СЕ НАПЛАЌА КОТИЗАЦИЈА Се повикуваат сите кој имаат спремен велосипед, спремна и помалку спремна желба за планинарење, трчање да земат учество. Секоја сугестија е добронамерна, и се охрабруваат поединци и организации да се вклучат во организацијата на овој настан.

Секој вози на сопствена одговорност, секој планинари на сопствена одговорност.

Учесниците кој сакаат да дојдат еден ден порано може да се сместат во планинарскиот дом Папрадиште, или планинарскиот дом Чеплес. Оние учесници кои неможат да го транспортираат својот велосипед во недела, може бесплатно да преноќат во планинарскиот дом Папрадиште, недела 29 Мај.

Одговорни за планинарење: Даниела Јовановиќ 078/276-148, Тодорче Ѓорѓиев 075/216-099 Антонио Китанов 078/384-264

Одговорни за велосипедизам: Емил Смилев 075/757-297, Илија Цецев 070/ 299-975 и Саше Најдов

Одговорни за планинско трчање: Трајче Михов 075/375-742

Планинарски дом Папрадиште 075/757-297, Планинарски дом Чеплес 075/216-099

Сподели: