Алтернатива Настани

НАСТАНИ

Сподели:

Pat Thomas & Kwashibu Area Band at OFFest

 МКЦ 29 МАЈ

MDpatthomasandkwashibuareabandmuzickinastani

 

PAT THOMAS vocal

KWAME YEBOAH drums and keyboards

BEN ABARBANEL-WOLFF saxophone

PRINCE LARBI bass

EMMANUEL OPOKU WARE keyboards

ERIC OWUSU percussions

EMMANUEL OFORI bass

PHILIP SINDY trumpet

Постојат времиња кога светот има потреба од прекрасна музика, а ова е секако тоа време. Мал број музички жанрови можат да предизвикаат насмевка на лицето на слушателот како што тоа го прави музиката „хајлајф“, а само неколку претставници на овој стил имаат уникатно моќен и длабок, а истовремено и „свилен“ вокал како „златниот глас на Африка“ и „првата рок-ѕвезда на Гана“, легендарниот Пет Томас. Редовен соработник на Ебо Тејлор, Пет Томас беше столбот на африканската хајлфајф, афро-бит и афро-поп сцена во Гана во седумдесетите и во осумдесетите години од минатиот век, кога постигна огромен успех со бендот „Sweet Beans“. Иако хајлајфот е жанр познат по одлични пејачи, уникатниот вокален стил на Пет Томас остана негов заштитен знак повеќе од четири децении. Новиот албум на Томас, „Pat Thomas & Kwashibu Area Band” (Strut Records, 2015) одбележува педесет години негова креативна работа. На него тој соработува со неколку свои стари пријатели: Ебо Тејлор во улога на аранжер, Тони Ален како гостин на тапани на неколку песни, Осеи Туту на соло-труба, како и извонредниот басист Ралф Карикари. На албумот се наоѓаат и неколку нови аранжмани на оригиналните класици на Томас од 1980-тите години: „Gyae Su“, „Odoo Adada“ и „Mewo Akoma“.

Сподели: