25. Меѓународна лесновска ликовна колонија

Сподели

Во Куманово вечерва во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, со почеток во 19:30 часот, ќе биде отворена изложба на дела од 25. Меѓународна лесновска ликовна колонија. Љубителите на уметноста ќе имаат можност да погледнат 24 платна и скулптура од гипс.

– Посетителите ќе имаат можност да разгледаат дела работени во различни техники и стилови. Дел се инспирирани од непосредната околина на Лесново, а дел се сопствени креации на авторите, изјави Роберт Цветковски, историчар на уметноста од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово.

Организатор и координатор на колонијата е Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип. Колонијата се одржа во Лесново, а минатата година учествуваа 16 уметници од кои девет домашни и тројца од Бугарија и Србија. На колонијата твореа Новица Трајковски, Ѓоко Антониев, Андреј Маневски, Јулија Манојловска, Васил Гаврилов, Христина Стојчевска, Тони Величковски, Мики Иванов, Бисер Кирилов од Бугарија, Жарко Вучковиќ од Србија и уметници аматери од Пробиштип.

Изложбата ќе трае до први март годинава.