“Животниот пат на иноваторот“ од Јоти Поповски во издание на Арс Либрис

Сподели

 

Арс Либрис ја издаде книгата “Животниот пат на иноваторот“ од Јоти Поповски, која е дел од Арс Ламина, во 2020 година.

Книгата  “Животниот пат на иноваторот“ е искрена пишана творба на авторот, околу неговиот бурен живот, од љубопитното дете во своето родно место, од егејскиот дел, до бегалец во Втората светска војна во Романија, како негова втора татаковина, кадешто се образувал и стекнал со високо образование во Јаши. Големите негови остварувања ги постигнува во својата земја Македонија и во странство, а истите се прикажани во вториот дел од книгата. Пишува со едноставен стил, а приказната е топла, искрена и мудра за сите генерации.

“-Немам претензии да пишувам како искусен писател. Но, сакам да ги опишам моите случки и настани од животот и моите назначајни изуми што, според кажувањата на многу други мои познаници и пријатели, заслужуваат да ги знаат и други”- пишува во својата автобиографска книга нашиот признат иноватор Јоти Поповски, неколкупати наградуван со светски награди за своите изуми со анаеробните прочистителни станици низ целиот свет.

denesmagazin.mk