ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо. Претпладне ќе биде сончево и топло, а од пладне облачноста ќе се зголемува и ќе дува умерен северен ветер, што ќе биде најприсутен на североистокот на земјава.

Во попладневните часови во северните делови на Македонија ќе има услови за локална појава на пороен дожд проследени со грмежи.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Температурите ќе се движат од 11 до 20 степени утрово, а максималните дневни ќе изнесуваат  до 29 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје времето претпладнево ќе биде сончево, а од пладне ќе настапи зголемена облачност, со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурниот максимум ќе изнесува 33 Целзиусови степени.