Вести Македонија Став Ударни вести

360˚: Проф. Армаколас – Тешко сега да има договор за „Република Илинденска Македонија“

Сподели:

Kаква е атмосферата во грчката јавност, какви се проценките – зошто Ципрас и Коѕиас првично се согласиле со пакетот базиран на „Република Илинденска Македонија“, но потоа не го бранеа дома и има ли се уште, макар минимални шанси, ова да биде решението. „360 Степени“ разговараше со Јанис Армаколас, професор на универзитетот Македонија во Солун и истражувач во влијателниот грчки тинк-тенк Елиамеп.

Професоре, каква е атмосферата во Грција меѓу оние што го креирираат јавното мислење и во јавност во однос на предлгот што се темели на „Република Илинденска Македонија“?

Ситуацијата е следнава – мислам дека повеќето од оние што го креираат јавното мислење, ако не и сите, вклучувајќи и многумина што до пред неколку месеци беа за компромисен договор, изгледа дека не се согласуваат со предложеното име „Република Илинденска Македонија“. Истото се однесува и на повеќето политички партии со исклучок на главната владејачка партија – Сириза. Се на се, изгледа дека ова име не е прифатливо за грчката страна. Она што е интересно и важно да се потенцира е дека имаше период од неколку денови, пточно помалку од 2 дена, во кој немаше официјална поддршка од страна на владата, но предложеното име интензивно се „вртеше“ по социјалните мрежи, блогови и весници и набрзо сите против предлогот. Дури и пред владата, ако навистина сакаше да го брани ова ново предложено име, во јавноста се формираше консензус дека тоа што е предложено како име е неприфатливо.

Што мислите за аргументите дека Илинденска Македонија прави јасна дистинкција меѓу грчка Македонија и територијата на денешна Република Македонија и дека решава друга клучна загриженост на Грција – „ерга омнес“ употреба?

Во однос на „ерга омнес“ мислам дека е многу важно, најверојатно тоа е најважното за грчката страна, барем според тоа како се одвиваа преговорите во изминатите месеци, единствениот проблем е што во изминатите денови новото предложено име излезе во јавноста и не многумина, вклучувајќи ја и владата, не зборуваа за „еерга омнес“, туку за самото име. Ако „ерга омнес“ беше најважниот напредок во овој пакет, тогаш тоа, некако, беше испуштено, се загуби во јавната дебата и сите се фокусираа на дебата за самото име. Во однос на првиот дел од вашето прашање – не би знаел до каде би било корисно да се коментира зашто изгледа дека ова име не поминува кај грчката страна. Според мене, врз основа на еден општ принцип, би кажал дека кое било предложено име што прави јасна дистнинкција меѓу грчкото античко наследство на Македонија и модерниот географски регион Македонија во кој вашата земја развила сопствен национален идентитет, формирање нација и конечно создавање држава, тогаш сметам дека е во вистинската насока. Така што, секое име кое прави разлика и го разјаснува историскиот наратив на двете земји, сметам дека е во вистинска насока.

Професоре, каква е вашата анализа – зошто Ципрас и Коѕијас првично го прифатија предлогот, но за него не се бореа дома во Грција?

Тешко е да се прифати премисата на прашањето зашто овдешната влада инсистира на тоа дека не прифатила ова предложено име. Не би можел за тоа да коментирам бидејќи грчката страна инсистира дека не го прифатила овој предлог. Од друга страна, можеби не беа подготвени на негативните ракции кои ова име ги предизвика. Оттука, не сум сигурен како да гледам на ова прашање.

По телефонскиот разговор меѓу Потпретседателот Мајк Пенс и премиерот Ципрас, весникот „Катимерини“ објави дека САД го поддржуваат предлогот. Која е вашата проценка – има ли можност за решение кое би се темелело на „Република Илинденска Македонија“?

Немам друга информација од тоа што го објави „Катимерини“, нема други конкретни вести. Освен овој весник, има и други текстови кои споменуваат мобилизација на американската дипломатија во насока на притисок врз двете страни за задржување на моментот. Морам да кажам дека како што сега стојат работите – со јавната дебата, со ставот на опозицијата не гледам како „Република Илинденска Македонија“ би формирала основа за компромис. Но, останува да видиме што ќе се случи во наредните денови дали ќе има промена во расположението, дали кај владата или кај опозициските партии. Каква што е сега ситуацијата многу би било тешко ова име да биде дел од пакет-договорот.

Сподели: