Здравје Магазин Наука и Технологија

48% од храната што ја купуваме завршува во ѓубре – како до правилна организација?

Сподели:

 

Сезоната на празници започнува. Пред нас се подароци, весела атмосфера и многу храна што традиционално не недостасува на трпезите во вакви прилики. Додека подготвуваме списоци за шопинг и размислуваме за сите оние прекрасни рецепти со кои ќе се почастиме себе си и на своите најблиски, можеби е време да го ставиме прстот на челото и да размислиме како да го направиме еден од најкористените уреди во нашиот дом уште поефикасен. Имено, лошата организација на фрижидерот и неправилното чување на храната не само што чинат повеќе пари отколку тоа што е нормално, туку се и еден од главните виновници за создавање на загрижувачка количина на отпад од храна. Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации предупредува дека кога храната што завршува како отпад би била држава, таа би била на трето место во светот според количината на емисии на стакленички гасови.

 

 

Не ги дуплирајте продуктите

Иако звучи очигледно, спонтаните набавки на намирници без претходно подготвена листа се главниот виновник за преоптоварување на фрижидерот и фрлањето храна. Истражувањето спроведено од Samsung на европско ниво покажува дека дури 48 проценти од купените намирници завршуваат во корпи за отпадоци. Затоа, пред да одите на шопинг, одвојте време добро да разгледате што веќе има во вашиот фрижидер, за да не ги дуплирате предметите. А, површен поглед на содржината на фрижидерот не е доволен, туку навистина детален преглед на храната што сте ја оставиле на дното или во посебни оддели. Овој едноставен потег ќе ви заштеди пари, ќе придонесе за поефикасно управување со вашиот простор и ќе направи нешто добро за планетата.

 

 

Организацијата е половина работа

Со добра организација на фрижидерот, го намалувате процентот на храна со истечен рок. За подобра прегледност, потребно е да следите неколку совети. Искуството вели дека горните полици на фрижидерот се идеални за складирање храна што може да се конзумира веднаш, средните нивоа пак се најоптимални за чување млечни производи, додека долните се резервирани за месо и риба. Страничните прегради се сметаат за најпогодни за намирниците што ги користите најчесто – сосови, сокови или зачини.   

Создавањето зони во внатрешноста на фрижидерот ви помага не само да забележите што има во него побрзо, туку и да избегнете вкрстена контаминација на храната. Несоодветното мешање на храна што произведува етилен и оние кои се осетливи на него, како што се аспарагус, зелена салата или брокула, може да доведе до предвремено зреење, па дури и гниење. Таквата чувствителна храна мора да се чува на соодветен начин. Фрижидерот Samsung RB7300 има Optimal Fresh + прергада што може да се подели во две зони со различни температури, додека дополнителната Humidity Fresh+  фиока ви овозможува да ја прилагодите оптималната влажност во преградата и со тоа да ја задржите подолго свежината особено на чувствителното овошје и зеленчук.

Не заборавајте дека преградите на фрижидерите можете да ги организирате според вашите сопствени потреби, а интересно е и тоа што споменатиот модел на Samsung фрижидерот нуди поголем простор за складирање во стандардни димензии. Ова се должи на високо ефикасната изолација на технологијата SpaceMax, што овозможува sидовите на фрижидерот да бидат значително потенки.   

Потпрете се на новите технологии

Можеби од постарите генерации ја наследивме навиката храната да ја складираме најгоре во фрижидерот за подобро да се излади, сепак, производителите на фрижидери денес дизајнираат технологии за ладење така што температурата на фрижидерот е рамномерна на сите нивоа, оставајќи ни можност да го искористиме максимумот од секој агол на фрижидерот. Моделот на фрижидер Samsung RB7300 со помош на внимателно дизајнирани отвори за вентилација овозможува целосно и рамномерно ладење на храната на сите седум нивоа на полици, трошејќи помалку енергија, додека системот за ладење All Around го лади секој оддел рамномерно.   

И додека се збогуваме со годината, пакуваме подароци и правиме пресек за тоа каде сме, како сме и што сакаме во 2021 година, не би било лошо за нијанса да смениме некои секојдневни навики, бидејќи дури и минималните промени во начинот на избор и чувањето на храната можат да помогнат во намалување на негативното влијание врз животната средина и да се зачуваат некои од највредните ресурси на земјата.

denesmagazin.mk

Сподели: