Алтернатива Настани Ударни вести

Фондација „Славко Јаневски“: Пет романи во трка за наградата „Роман на годината“

Сподели:

 

 

„Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски („Или – или“), „Суво мастило“ од Владимир Илиевски („Македоника литера“), „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски („Антолог“), „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски („Антолог“) и „Куќа над брановите“ од Билјана С. Црвенковска („Чудна шума“) се петте романи што влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности, „Славко Јаневски“.

Жири-комисијата во состав: Оливера Николова (претседателка), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) следниот понеделник (15 март), ќе го соопшти лауреатот на годинашната награда „Роман на годината“, која се доделува под генерално покровителство на „Комерцијална банка“ АД, Скопје, на прес-конференцијата во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје (зад кино „Култура“), што ќе започне во 12.30 часот.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 22-ри пат и таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Сподели: