АЏИНА РЕКА 2016, 12 Јуни

Сподели

MDadzinareka2016sportskinastani

Планинарскиот Клуб Трансверзалец ќе земе учество на 23-от традиционален планинарски марш “АЏИНА РЕКА 2016” кој е во организација на Планинарски спортски клуб “БИСТРА” од Гостивар.

Планинарскот марш ќе се одржи на ден 12.06.2016 година (недела).

Поаѓањето од Скопје е во 6 часот од пред Пошта – Железничка станица. Од Скопје се упатуваме кон месноста Торбешки мост.

Маршот стартува од месноста Торбешки мост (1.340 мнв) од 8 – 8,30 часот. Потоа се оди низводно по реката Аџина река и Ќафа е Кадис, па преку месноста Идризова рупа каде е предвиден одмор од 30 минути и доручок, се продолжува преку Говедарник, с. Горно Јеловце, до Ајатот во с. Долно Јеловце.

Пристигнувањето во Ајатот се предвидува околу 16 часот, каде домаќинот организира традиционален заеднички ручек.

После ручекот, планинарите продолжуваат од с. Долно Јеловце, каде што ги чака комбето со кое биле до Торбешки Мост.

Вкупната должина на патеката е 26 км со висинска разлика од 700 м. Се пешачи 7- 8 часа.

Учесниците да понесат вода, храна, облека и се што е потребно за еднодневна планинарска тура според најавената временска прогноза.

Напоменуваме дека планинарите што ќе земаат учество треба да се психофизички подготвени и здрави.

Право на учество има секој планинар кој се чуствува здрав и способен за ваков предизвик и учествува на своја одговорност.

Цена на акцијата 600 ден.

Пријавување и уплата најдоцна до четврток 09.06.2016

Информации: Зоран Костадинов 070/641 – 998