Алтернатива Настани

МЕЃУНАРОДНА ПЛАНИНАРСКА ТРАНСВЕРЗАЛА 4М

Сподели:

megunarodnaplaninskatransverzala4msportskinastani

Св.Јоаким Осоговски, 11 Јуни

П О К А Н А

ЗА УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНАТА ПЛАНИНАРСКА ТРАНСВЕРЗАЛА 4М™ По патот на една легенда од 11-ти век

Св. Гаврил Лесновски – Св. Јоаким Осоговски 11/12 јуни 2016

(овогодинешниот термин е поместен заради лошите временски услови во третиот викенд од месец мај)

Почитувани љубители на убавите доживувања во планина ,

Ни преставува особена чест да Ве поканиме да го поминеме патот на една легенда од 11-ти век, токму во годината кога 4М го слави „своето полнолетство„ (18 години од иницијативата за востановувањето на Меѓународната планинарска трансверзала 4М™).

Во рамките на овогодинешната трансверзала ќе биде промовирано нововостановеното Признание 10х4М, како и планинарите кои го освоиле ова престижно достигнување.

Секоја планина има своја убавина, но освојувачка авантура на убавините на Осоговските Планини била и ќе биде и некојдневна и незаборавна, денот кога Легендата оживува за да ги збогати вашите спомени за уште едно незабравно патешествие.

Ве молиме да се придржувате на доставените ПРОГРАМА и ВОСТАНОВЕНИТЕ ПРАВИЛА за организација на трансверзалата.

ПРОТОКОЛ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПЛАНИНАРСКАТА ТРАНСВЕРЗАЛА 4М™

САБОТА, 11.06.2016 година

06.00 Собирање на учесниците на ПАРКИНГОТ пред Лесновскиот манастир;

6.10 Пополнување на Пријава за учество и објаснување на легендата од 11-ти век;

06.25 Организирано влегување во кругот на Манастирот со запознавање на значењето на манастирот и знаменитостите во Лесновски крај;

06.40 Објаснување за патеката од одговорниот водач и основач на Трансверзалата 4М™, на традиционалното место, пред црницата која е стара околу 6 века,

06.50 Поздравно обраќање на официјални гости од оштина Пробиштип.

06.55 Подготовка за старт (фотографирање, прилагодување на опрема );

07.00 СТАРТ – Подготовка за старт (фотографирање, прилагодување на опрема ) „По патот на една Легенда од 11-ти век“

18,30 – 19.00 Ориентационо (предвидено време) за пристигнување во Св. Јоаким Осоговски.

19.00-19.50 Oдмор, припрема за вечера, сместување на учесниците;

20.00-22.00 Доделување на признанија , учесниците …

НЕДЕЛА 12.06.2016 година

ВАРИЈАНТА 1

Посета на патеката 4М-1с (Водопадите на Станечка Река)

ВАРИЈАНТА 2

Разгледување на манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски: Првиот МЛЕКОВОД во Европа, Галеријата на меѓународната колонија …

ВАРИЈАНТА 3

Посета на Испосницата на Свети Јоаким Осоговски

Ви напоменуваме доколку сте заинтересирани за било која варијанта за во неделата 24 мај треба претходно да ја најавите. Доколку е потребно превоз до одредена дестинација ќе биде на сметка на учесниците.

070.32.1234 Стојанче Величковски, или на e-mail stole@planinarenje.org

ПРАВИЛА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПЛАНИНАРСКАТА ТРАНСВЕРЗАЛА 4М™ /2016

  1. Традиционалната манифестација Планинарската трансверзала 4M™ е бренд, услужна трговска марка впишана во регистерот на трговски марки под број 17455 во сопственост на Планинарскиот водач Стојанче Величковски и е дел од програмските активности на РЗР ПАТНИК.
  2. Секој учесник на Трансферзалата учествува по сопствена желба и на своја одговорност.
  3. Секој учесник е должен да ја почитува саатницата и предвидениот протокол за реализација на Трансверзалата 4М™.
  4. Учесниците кои ќе допатуваат со организиран превоз (комби,минибус,автобус) се приклучуваат кон караванот со сопствениот превоз.
  5. За учесниците од Крива Паланка има организиран превоз такси возила по цена од 300 денари.
  6. Караванот со учесници од Крива Паланка (Плоштад) тргнува огранизирано во 04.00 часот .
  7. Сите други учесници на кои повеќе им одговара да пристигнат директно на стартот со сопствен превоз важи ”правилото” на Паркингот пред Лесновскиот манастир да дојдат навреме најдоцна до 06.15 часот.
  8. Движењето од стартотот до целта е во група, времето на пристигањето во група е условено компактноста на групата (учесниците) на Трансверзалата и временските услови и др.
  9. Предвиденото време за пристигнувањето на целта во Осоговскиот манастир е предвидена околу 19.00 часот.
  10. Организаторот има правото во случај на невреме (виша сила) или друга причина да промени дел од маршрутата.
  11. Секој учесник е должен да ги почитува Правилата за реализирање на Трансферзалата како и напатствијата на Водичот и неговите помошници.
  12. Учесник кој без дозвола на одговорниот водич самоволно ќе се оддалечи од патеката или на друг начин недициплинирано се однесува го губи статусот на учесник на Трансверзалата, за што се внесува посебна забелешка во Пријавниот Лист.
  13. Заради максимална безбедност, организаторот обезбедува медицинско следење на колоната, но Организаторот не сноси никаква одговорност за било кој учесник кој нема да се придржува, на упатствата дадени за време на трансферзалата, здравствени ограничувања на поединци кои не се пријавени во Пријавниот лист, самоволно одделување од колоната како и повреди предизвикани од алкохол и други недозволени средства.
  14. Помлади малолетници може да учествуваат исклучиво во присуство на најмалку еден од родителите или тренер ако се работи за спортист, професор по фискултура ако се работи за ученик, начaлник /старешина на одред ако станува збор за извидници, со претходна најава кај организаторот!
  15. Секој учесник да носи со себе соодветна и прикладна опрема, за движење во планински услови, чевли соодветни за трекинг патека,кабаница, резервна облека, сад за вода и батериска светилка…
  16. ИСХРАНАТА за време на поминување на патеката 4М-1 од манастирот Св. Гаврил Лесновски – Св. Јоаким Осоговски е од ранец.
  17. На патеката постојат 6 извори со пивка вода земете си доволно течности со оглед на должината на Патеката.
  18. Организаторот за учесниците на целта, обезбедува ГРАТИС манастирско гравче за вечера. (Ви напоменуваме дека во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски, Ресторанот работи!
  19. СМЕСТУВАЊЕ учесниците ќе бидат сместени во Стариот Конак во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски во повеќекреветни соби по цена од 600 денари во Новиот конкак , За сите што нема да се пријават на време или ќе бидат исполнети сместувачките капацитети ќе се бара алтернативно сместување во Крива Паланка.
  20. Секој учесник заедно со пријавата треба да плати 120 денари или 2 евра партиципација (при пријавување а најдоцна при пополнувањето на пријавната листа на учесници, за возврат ќе добие (Трансверзална книшка, благодарница за учество, бесплатно водење, како и вечера во Манастирскиот комплекс Свети Јоаким Осоговски).
  21. Рок за пријавување за учество на Трансферзалата 4М најдоцна до 08.06.2016 година кај организаторот. stole@planinarenje.org (+389.70.321.234)

 

Сподели: