Вести Македонија Став Ударни вести

Амбасадата на Норвешка ги деманира лажните вести на Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ

Сподели:

 

“Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски ја злоупотреби собраниската говорница за да шири лажни вести за македонскиот хируршки тим кој е на мисија во Авганистан.

Амбасадата на Кралството Норвешка јавно ги демантираше лагите на Стојановски дека наводно постоел норвешки воен извештај кој нотирал дека нашиот хируршки тим не знаел да изведе обичен хируршки зафат.

Иако било побарано извинување, Стојановски не и се извинил на Амбасадата на Норвешка.

Со ова однесување Стојановски освен што ги навреди нашите хирурзи ја навреди и Норвешка кој учествувала во нивната обука, а ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш се обиде да го наруши угледот на државата и нејзините односи со партнерите во НАТО.

Не е првпат партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ да го поткопуваат меѓународниот углед, не е првпат да бидат демантирани од странски претставништва.

Антонијо Милошоски беше демантиран од Конзулатот на Белорусија, Александар Николовски беше демантиран од Обединетите нации, а потоа и од амбасадите на Чешка и Словачка.

Денес и Стојановски ги следи лошите примери на неговите поискусни колеги и ја злоупотребува говорницата во Собрание за да шири лаги на штета на државата.”

соопштение, СДСМ

Сподели: