„Анимакс Скопје фест“ – Филмски маратон под ведро небо

Сподели

Во четврток ќе се одржи Филмски маратон под ведро небо за сите љубители за анимирани филмови.

Настанот е во организација на меѓународниот филмски фестивал „Анимакс Скопје фест“, а со поддршка на Градот Скопје.

Филмовите ќе се прикажуваат на плоштадот „ВМРО“ во строгиот центар на градот, со почеток во 21 часот.
Детската програма ќе се одржи од 18.30 до 20 часот.