Антонио Јолевски избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители

Сподели

 

Советот на јавни обвинители денеска ја одржа редовната 32-ра седница за избор на Претседател на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

 

 

За Претседател на Советот на јавните обвинители беше избран јавниот обвинител Антонио Јолевски, кој функцијата ќе ја извршува во наредните две години.

Јолевски потекнува од Битола. Како обвинител почнал да работи во 2003 година, кога е избран за заменик-јавен обвинил во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола. Од 2012 до 2018, пак, е шеф на ОЈО Битола, а од 2018 работи како обвинител во истото обвинителство. За член на Советот на јавни обвинители беше избран минатата година.

Мандатот на претседателот на обвинителскиот совет трае две години, без право на реизбор, а тој треба да биде од членовите на Советот, кои се избрани од редот на јавните обвинители.

Советот е составен од 11 члена, од нив четворица ги избира Собранието од редот на универзитетските професори по право, адвокати, поранешни судии во Уставен и во меѓународни судии и од други истакнати правници.