“APPLE” ја купува апликацијата “SHAZAM”

Сподели

Компанијата “Apple” е во финална фаза на купување на “Shazam”, апликација која овозможува идентификација на песни, филмови и телевизиски емисии.

Цената моментално изнесува 400 милиони долари, но “Apple” ќе заштеди пари од провизијата што ја плаќаше “Shazam” за испраќање на корисниците на “itunes store”, каде што може да се купи различна содржина.

Всушност таа провизија беше токму најголемиот дел од приходите на “Shazam” во изминатата година, а апликацијата е заслужна за 10% од вкупната дигитална продажба.

Aко “Apple” одлучи да ја исклучи апликацијата, ќе изврши тежок удар на услугите како што се “Spotify” и Google play music, на кои “Shazam” им „пренесува” повеќе од милион клика на ден. “Shazam” има договор и со “Snapchat”. Сепак, уште не е сигурно дека потегот на “Apple” ќе влијае на наведените договори.
Апликацијата “Shazam” досега е „преземена“ повеќе од милион пати, а популарна е веќе 19 години.