Магазин Наука и Технологија

Елон Маск: „Постои голема веројатност дека живееме во симулација”

„Постои веројатност од милијарда наспроти еден дека живееме во вистинска реалност“, изјави основачот на Тесла, Елон Маск.

mask

Тоа во превод значи дека еден од највлијателните луѓе во светот на технологијата, смета дека ние сме ликови кои што живееме во еден симулиран свет.

Елон Маск тврди дека секоја доволно напредна цивилизација е способна да направи симулација на вселената (или само мал дел од неа). Со оглед на тоа што постојат стотици милијарди ѕвезди, постои голема шанса дека некоја многу понапредна цивилизација моментално да изведува симулација на реалноста во која што живееме.
Ако тие бројки ги ставиме во статистика, можеме да заклучиме дека многу е мала веројатноста дека не се наоѓаме во некоја од тие симулации. Ако го прашате Маск, неговото тврдење го покрепува фактот дека човештвото доживеа неверојатен технолошки напредок во последните неколку децении.

reality
„Пред четириесет години го имавме Понг, ја знаете онаа игра со правоаголници и точки. Така некогаш изгледаа игрите. Денес, 40 години подоцна имаме реалистични 3Д симулации со милиони луѓе кои што играат во реално време, а истата технологија напредува од година во година“, изјави Маск и додаде:

„Кога ќе дојдеме до точката во која ќе нема место за дополнителен напредок и подобрување, тогаш игрите ќе бидат невозможно да се разликуваат од реалноста“, заклучи основачот на Тесла.
Ако сето ова ви звучи бесмислено – тоа дека ние сега можеби живееме во некоја напредна верзија на The Sims, не очајувајте. Според Елон Маск, животот во симулацијата може да биде добра работа.

Ова е само една од „лудите“ изјави на сопственикот на Tesla Motors и SpaceX. Покрај другото, тој на конференцијата Code Conference 2016 изјави дека планира да испрати луѓе на Марс до 2024-та година.

Извор: tocka.mk

http://tocka.com.mk/5/198070/elon-mask-postoi-golema-verojatnost-deka-ziveeme-vo-simulacija

Сподели: