Алтернатива Настани

АСАМИ САТЕ (ЈАПОНИЈА) – пијано рецитал

Сподели:

MDasamisatemuzickinastani

 

 Даут Пашин Амам,   6 Јуни, 20:00ч

 Во рамките на фестивалот за современа музика МОДОАРС 2016, концерти во Скопје и Охрид ќе одржи пијанистката Асами Сате од Јапонија.

03.06.2016 – петок, концертна сала „Методи Патче“ – Охрид 19 часот

06.06.2016 – понеделник – Даут Пашин Амам – Скопје, 20 часот

Програма: Рахмањинов, Шопен, Дебиси, Сакура-Сакура

Гостин на концертот: Ема Потевска Попивода

Влезот е слободен

Асами Сате е позната пијанистка и музички продуцент, која живее и работи во Токио, Јапонија. Во текот на своето образование, работи со реномирани музички педагози во Токио, Прага, Виена и Бостон – САД. Покрај успешната концертна кариера како пијанист, таа работи и како музички продуцент, соработувајќи со престижни симфонски оркестри и музички уметници. Во последните неколку месеци, таа работеше на јапонската турнеа на Берлинската Филхароминија, како и турнеата како пијанист и диригент на големото музичко име Даниел Баренбоим.

Концертите се одвиваат со поддршка на Министерството за култура на Р. Македонија. Подржувач на концертите е и хотел Duvet Center

Сподели: