Уапсен е Артан Груби на ГП Блаце
Денеска, на 23 февруари 2026 година, во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е…
Последни Вести
Денеска, на 23 февруари 2026 година, во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е…
СВР Битола во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава до ОЈО Битола против В.П.(40) од…
Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да…
Црвен крст на Република Северна Македонија од 21 до 28 февруари 2026 година ја одбележува Неделата на борба против срцевосадови…
ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ 2026 Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој и оваа година е редок…
“Денес добивме видео: човек исфрла пет мали кучиња на улица, одземени од мајката која е негово куче. Случајна минувачка го…
Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за…
Јазикот е најсилното идентитетско обележје на секој народ, чувар на историјата и културата, преносител на знаењето и вредностите. Затоа, и институционално и…
Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување…
Кога се нема аргументи, кога политиката се сведува на политиканство, СДСМ нема да зборува за работите кои се важни за граѓаните, за фактот што е направено за Скопје и Скопјани, туку ќе вмешува семејства, личности кои не се директно во политиката, неретко и нашиот малолетен син и се така за да привлечат внимание. За волја на вистината, фактите се следни. Мојата чанта не е некакви 30.000 долари како што тврди СДС, ниту е Хермес, туку е купена од продавницата на ObucaMetro Македонија, и тоа на попуст за 944 денари. Истата нема никаква врска со брендот Hermès, ниту по потекло, ниту по цена, ниту по вредност, ниту пак носи натпис на брендот. Доколку не веруваат, може да им ја подарам мојата на увид, а може и самите да ја посетат продавницата, има одлични работи за супер ефтини цени за луѓе кои живеат скромен и чесен живот. Има сѐ уште на располагање од истиот модел на поголема варијанта од малата чанта. Обидот преку евтина конструкција да се создаде наратив за „луксуз“ и „аздисаност“ служејќи се со лаги и клевети во најмала рака е безобразно. Не е мое да коментирам политички, но вмешувањето на потесно семејство во отсуство на вистински аргументи и ширење на лажни вести не е политика, туку дно. Барам јавно извинување за изнесените невистини и повлекување на лажните тврдења. Во спротивно, ќе ги искористам сите правни механизми за заштита на честа и угледот. Политиката не смее да се води преку лаги и лични дискредитации! – напиша сопругата на Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.