Цените во продавниците, маркетите и на пазарите растат секој ден, граѓаните едвај врзвуваат крај со крај.
Дури и пиперките стануваат луксуз со цени од 300 денари за килограм, доматите над 200 денари. Зејтинот е 118 денари, јајцата над 110 денари. Цените до плафон – рејтингот до плафон. Во маркетите – шок а во фрижидерите на граѓаните – празнина.
Доаѓа Велигден, следат подготовките. Е тогаш, секое македонско семејство ќе го провери „рејтингот“ на власта – директно во својот фрижидер.
Нема поголема анкета од оваа. Нема поголема вистина за рејтингот од празната трпеза. Нема леб, но затоа има игри!


