АВМУ: Слободата на изразување подразбира различни гледишта

Сподели

По последните закани упатени кон новинарот Бранко Героски, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, сака уште еднаш да нагласи дека каков било обид за спречување на слободата на изразување е неприфатлив.

Новинарите и медиумите мора да бидат оставени да ја работат својата работа професионално, а сите субјекти, институции и јавноста воопшто треба да прифатат, дека слободата на изразување подразбира различни гледишта без оглед дали некому му се допаѓаат или не – се наведува во денешното соопштение на АВМУ.