Австралиска промоција на “Летот на мојата гулабица” од Светлана Јаневска

Сподели

По промоцијата во Македонија, книгата “Летот на мојата гулабица” од Светлана Јаневска имаше и втора промоција во Австралија, каде авторката живее 18 години.

На 31.01.2025 година во престижната сала за евенти “Шелдон” во Мелбурн, Австралија беше промовирана “Летот на мојата гулабица” од Светлана Јаневска, како дел од форумот: подигање свест за женското здравје и респект.

На овој настан учествуваа претставници од Владатата во Австралија, познати доктори, културни  и естрадни дејци од Македонија кои живеат и творат во Австралија, како и претставници од други национални заедници. Исто така присуствуваше нејзиното семејстово, нејзините два сина кои се горди на ова дело на мајката, а исто така со голема радост и нејзиниот татко допатува од Македонија за овој настан.

Вечерта беше во организација на МАСО (Macedonian Australian Community Organization), чиј претседател е Лидија Нешковски. Водител на програмата беше Соња Дималовски.

На форумот наменет за женското здравје и респект говореа: Др. Сузана Котевска – акушер и гинеколог, Др. Ивана Матиќ – Станчин – општа медицина, Слободан Бенџо – психолог, Даниел Переира – човечки ресурси.

Свое обраќање кон присутните имаа и преставниците од Владата на Австралија меѓу кои и Натали Сулејман – пратеничка и министерка за ветерани, млади и за мал бизнис и вработување, пратеникот Др. Даниел Мулино кои споделија лични приказни и искуства но и  потенцираа дека ја поддржуваат македонската заедница во Австралија, додека пратеничката Касандра Фернандо сподели колку е воодушевена од нејзината посета во Македонија.

Промотор на книгата и за авторот говореше Татјана Лазаревска познат македонски естраден уметник која неколку години живее и работи во Австралија, позната по својата хуманост која и овојпат  ја даде својата поддршка кон споделување на оваа емотивна и вистинска приказна.

Screenshot

На присутните гости им се обрати и авторката на “Летот на мојата гулабица”, Светлана Јаневска искажувајќи ја својата благодарност кон сите кои придонесоа и соработуваа кон реализација на нејзината прва книга, која има за цел подигање на свеста во борбата против грлото на матката, посочувајќи дека болеста не дискриминира никого.

На крајот од вечерта присутните имаа можност да се запознаат со авторката и да добијат подарок бело-тиркизна панделка заедно со книгата потпишана со благодарност што се дел од овој настан.

Летот на мојата гулабица“ има 225 страни и е двојазична на македонски и на англиски јазик, а може да се купи во електронска форма на платформата auroom.store која е дел од Продукцијата Златен Заб, чии сопственици покажаа голема хуманост и поддршка во ова животно патување напишано  и преточено во книга  на авторката Јаневска.

Поговорот на оваа книга е од писателот Горјан Петревски, додека  рецензенти се писателката Марија Костадиновска и естрадниот уметник, новинар и тв водител Јулија Мациевска.

Лектурата е од Професорот Зоран Бошковски, техничката обработка од Стефан Ристoвски, илустратор е Јане Јаневски, одговорен за фотографиите е Виктор Богдански, додека преводот на англиски го направија Катерина Атанасовска и Александра Маневска. Кигата ја печатеше издавачка куќа Нордиа.

Авторката искажува голема благодарност до пријателите и поддржувачите на ова  нејзино дело: AllCar Towing – Мелбурн, S.L.Transporti – Италија, Ј&E Flowers – Мелбурн, Бендот на Браќата Нуне, Бренд Маркет, Бонанца ДОО, Мар-Кристи Транс, Vincinni, MiniPani, Винарија Тиквеш, Дати Еуро Маркет-Сарај, цвеќара Сончевина-Bloom, Општина Ѓорче Петров, Општина Сарај, МАСО, Шелдон Мелбурн, како и медиумските пријатели во Македоија порталите Денес Магазин, Женски магазин, Музика 24, Кукурику, Телевизиските куќи Телма , Ал Сат, Алфа, МТВ1, Едо, Македонско Сонце, Сител, Канал 5 и австралискиот сервис СБС на македонски.