Бела ноќ 2026 во Скопје – автентичните скопски места добиваат нов културен живот

Сподели:

На 3 октомври, од 19 до 03:00 часот, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје„Бела ноќ“ повторно се осветлува Скопје.

Вечер на уметноста што нè запира среде чекор, на музиката што нè води низ улиците и на средбите што остануваат во сеќавање.

Од плоштадите и мостовите до галериите, музеите и чаршијата, автентичните скопски места добиваат нов живот. Скопје ги отвора своите културни простори и ве повикува да го доживеете со поинакви очи – љубопитно, возбудено, заедно!

БЕЛА НОЌ 2026, 3 октомври, сабота, 19:00 – 03:00 часот

Уметноста ве чека на: Плоштад „Мајка Тереза“ (Плато пред МОБ), Младински културен центар – МКЦ, Мост на уметноста, Боемска улица, Стара скопска чаршија, Музеј на Град Скопје, Аудио Култура, Дом на градежници, Мала станица, ДКЦ „Карпош“, Градска библиотека, Чифте амам, Улица „Македонија“ и Музеј на современа уметност.

Изберете ја првата станица. Остатокот препуштете ѝ го на ноќта. Бела ноќ – една ноќ за сите што го сакаат Скопје. И за сите што допрва ќе се вљубат во него.

Сподели: