Вести Македонија Текстови

Бинали Јилдирим денеска ќе биде избран за нов премиер на Турција

Сподели:

Турската владејачка партија на правдата и развојот (АКП) денеска на специјален конгрес за нов партиски лидер и премиер на државата ќе го избере Бинали Јулдирим, по оставката на Ахмед Давутоглу.

binal

Јилдирим, кој досега ја извршуваше функцијата Министер за транспрот, е близок соработник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој е единствениот кандидат за лидер на денешниот конгрес на АКП.

Аналитичарите сметаат дека главната задача на новиот партиски лидер и премиер ќе биде спроведувањето на потребните уставни измени кои треба да ја зголемат моќта на претседателот Ердоган, јавува „Би-би-си“.

Ова прашање, според проценките, е причина за оставката на Давутоглу и неговите несогласувања со Ердоган.

Извор:meta.mk

http://meta.mk/binali-jildirim-deneska-ke-bide-izbran-za-nov-premier-na-turtsija/

Сподели: