Вести Македонија Текстови

Убиен лидерот на авганистанските талибанци во напад на американски дрон

Сподели:

Водачот на авганистанските талибанци, Мула Актар Мансур е убиен во напад на американско безпилотно летало. Смртта на Мансур, како што јавуваат светските агенции, денеска ја потврдил и талибанскиот командант Мула Абдул Рауф, кој рекол дека водачот бил убиен во петокот вечерта во погранична област меѓу Авганистан и Пакистан.

drrrr

Неименуван службеник на САД, синоќа соопштил дека лидерот на талибанците најверојатно е убиен во напад на американски дрон.

Пентагон потврди дека војската на САД извела воздушен напад во пограничниот регион меѓу Пакистан и Авганистан, чија цел бил водачот на талибанците, но дека сè уште се проценуваат резулатите од ударот.

Од канцеларијата на авганистанскиот претседател Ашраф Гани, не можеле да потврдат дали Мансур е убиен, но, шефот на владата, Абдула Абдула, како што пренесуваат медиумите, изјавил дека водачот на талибанците е „најверојатно мртов“.

Мула Актар Мансур застана на чело на талибанците минатото лето, откако беше обелоденета смртта на основачот на ова движење, Мула Мухамед Омар.

Извор: meta.mk

http://meta.mk/ubien-liderot-na-avganistanskite-talibantsi-vo-napad-na-amerikanski-dron/

Сподели: