Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Битиќи: Цената на електричната енергија и по 1 јануари ќе биде најниска во регионот

Сподели:

 

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи гарантира дека цената на електричната енергија по 1 јануари нема да се зголеми за толку колку што тврдат некои од медиумите и порачува дека и тогаш ќе биде најниска во регионот.

-“Гарантирам дека во јануари цената нема да се покачи на ниво на кое одредени медиуми или, пак, поединци сакаат да го покажат за да креираат страв кај народот. Ние како што докажавме на 1 јули и на 1 јануари ќе докажеме дека  цената ќе биде се уште најниска во целиот регион и ќе обезбедиме доволно електрична енергија за да продолжи да тече нормалниот живот онака како што треба”, изјави Битиќи по отворањето на „Иновацискиот и бизнис форум Пеперутка“.

Сподели: