ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде ведро и многу студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Утринските темепратури ќе се движат од -14 до -4 степени, а дневните од -1 до 9 степени.

 

 

Во Скопје температурата ќе се движи од -9 до 4 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег со променлив интензитет. Поради јужното воздушно струење ќе има пораст на утринските и дневните температури, што ќе предизвика побрзо топење на снегот.