Бомбардирана детската болница во Мариупол – Најмалку 17 луѓе се повредени

Сподели

 

Руски воздушен напад погоди родилиште во опколениот град Мариупол во средата. Најмалку 17 луѓе се повредени. Од почетокот на руските напади врз градот убиени се над 1.200 цивили, објави Дојче веле.

Серија бомби погодија родилиште во Мариупол во последниот од серијата руски напади врз цивилни објекти во Украина. Снимките од местото на нападот покажуваат полицајци и војници кои ги евакуираат жртвите, меѓу нив и бремени и раскрвавени жени. Пред болницата, руските бомби направија кратер длабок десетина метри.

„Денеска Русија направи големо злосторство“, изјави Володимир Никулин, локалниот полициски командант. „Ова е воено злосторство без никакво оправдување“.
Претседателот Володимир Зеленски на Твитер напиша дека во урнатините има жени и деца, и го нарече нападот злосторство. Британскиот премиер Борис Џонсон порача дека рускиот претседател Владимир Путин „ќе одговара за злосторството“. 

Текстот во целост прочитајте го тука