Алтернатива Настани

Вечерва во Јавна соба театарска претстава “МАМУТОТ”

Сподели:

 

 

Во Македонија виреат митовите за ХИВ, младите немаат каде да се информираат, а дискриминацијата и стигмата со кои се соочуваат луѓето кои живеат со ХИВ се и натаму присутни и им стојат на патот кон остварувањето на здравствените и социјалните права. Зад секоја хронична болест стои само човек кој се обидува да го најде својот пат во светот. Борбата со оваа болест не е борба на поединецот, тоа е борба за сите нас, која треба да започне со основна едукација која навистина недостасува. Најдобар начин да се уништат стигмите е да се зборува јавно и отворено, транспарентно.

Вечерашната претстава МАМУТОТ, го прави токму тоа.

 

Претставата започнува во 20:00 во Јавна Соба/Public Room, Скопје.

Билети се продаваат онлајн на платформата на Продукција Златен Заб. 

 

 

“Претставата е филозофска и со среќен крај. Љубовта победува, го победува стравот од смртта. Зад секоја хронична болест стои само човек кој се обидува да го најде својот пат во светот. Сакаме да покажеме љубов, сакаме да покажеме дека се сакани и дека заслужуваат и можат да бидат среќни и успешни. Со оваа претстава сакаме да направиме нешто што е важно. Ние само се справуваме со несаканите ограничувања на хероите!

 

 

Примарна цел на овој проект е преку уметност т.е претстава, на младите и сите останати да им се обезбеди едукација за заштита од ХИВ како и едукација за тоа како треба да се однесуваме спрема некој кој е ХИВ позитивен. Преку уметност т.е преку највлијателниот медиум – театарот, да се дејствува против дискриминација на лицата кои се ХИВ позитивни”.- велат продуцентите и актерите на оваа претстава Изабела Јакимова и Бранко Атанасов.

 

 

Сподели: