Бошкоски од Инфективна: Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично!

Сподели

 

Лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, се огласи на својот ФБ профил и потврди дека е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.

„Поради зголемениот интерес за мојата здравствена состојба, многу луѓе ме прашуваат како сум и не можам да одговорам на сите. Затоа, ве известувам дека сум на Инфективна клиника, примам терапија уште 3-4 дена. Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“-  напиша Љубе Бошкоски.