Бугарски аналитичари за „Локално“: Провокациите на Каракачанов се злонамерна изборна кампања

Сподели

 

Најновите политички превирања и реакции во јавноста ги поттикна бугарскиот вицепремиеро Красимир Каракачанов, кој го честиташе Денот на жената 8-ми март, со картата на Санстефанска Бугарија, во чии рамки е и територијата на С. Македонија.

Според бугарскиот политички аналитичар, Евгениј Дајнов, овој потег на бугарскиот министер е крајно злонамерна изборна кампања заснована врз најпримитивната ксенофобија.

„ВМРО-БНД се повеќе и посигурно се лизга во мочуриштето на фашизмот. Всушност, партијата на Каракачанов едноставно сака да ги разбуди најниските страсти и омраза со цел да ја премине бариерата од 4% за влез во парламентот, бидејќи ја изгуби популарноста во последните неколку години“, вели Дајнов.

Тој смета, дека официјалниот бугарски став кон С. Македонија е примитивен, варварски и штетен на надворешно-политичките интереси на Бугарија.

„Ова го мислат и многумина други. По злонамерните глупости изречени од бугарската влада за „македонското прашање“, никој во Европа не нè сфаќа сериозно. И ова е штетно не само за Бугарија, туку и за регионот како целина. Единствениот победник е Владимир Путин, во неговите напори да ги ослабне ЕУ и НАТО и да преземе делови од Балканот“, потенцира аналитичарот.

На прашањето дали се се нанесени трајни и непоправливи штети во односите меѓу двата народи, Дајнов вели дека само смртта е непоправлива.

„Но, штетата е, се разбира, трајна. И штетата не е само во односите меѓу двата народа, туку и врз вредносниот систем и менталитетот на самиот бугарски народ, кого владетелите и властите се обидуваат да го вратат во состојба на луто и озлогласено племе“, истакна тој за „Локално“.

Целиот текст можете да го прочитате тука.