Вести Изјави Свет Ударни вести

Бугарското МНР: Рама да ги приспособи изразните средства соодветни за политичар од земја кандидат за членство во ЕУ“

Сподели:

 

Откако вчера во Брисел албанскиот премиер Еди Рама изјави дека блокадата на Софија е „срамота“, од бугарското министерство за надфворешни рабои му порачаа да внимава како се изразува, бидејќи неговата земја е кандидат за членство во ЕУ. Рама, на прес конференцијата со Димитар Ковачевски и Александар Вучиќ изјави дека „една НАТО земја членка киднапира друга НАТО членка“.

 

„Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји на Европската унија кои ја поддржуваат европската припадност на албанскиот народ. Ние ја браневме европската перспектива на Албанија и почетокот на преговорите за членство во ЕУ дури и кога беше многу потешко отколку денес. Со текот на годините, немаше многу други гласови со нас во оваа кауза. Ние се залагаме за тоа денес, и покрај се, во име на заедничката европска иднина. Како одговор, ова не за прв пат слушаме неиспровоцирани остри, навредливи квалификации од шеф на влада. Жолчните изјави во толку низок јазичен регистар повеќе не можат да се оправдаат со природата и недостатокот на европски комуникациски вештини. Очекуваме албанскиот премиер да ги приспособи изразните средства на јазик што е соодветен за политичар од земја кандидат за членство во ЕУ“, посочија од бугарското МНР.

„На ова ниво, повеќе од кое било друго, инсистираме да се почитува добриот тон на комуникација. На ова ниво секогаш сме ја покажувале сета почит што бара одговорна позиција и ниво на меѓудржавни односи. Имаме заедничка иднина со Албанија. Неприфатливо е односите меѓу државите да станат заложници на ексцентричноста на актуелниот албански премиер“, се наведува во соопштението.

Сподели: