Лишен од слобода возачот кој возеше во спротивен правец во Скопје

Сподели:

Вчера од страна на ПС ОН Карпош при СВР Скопје преземени се мерки и активности во врска со објаваено видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како едно лице управува патничко возило по бул.”Партизански Одреди” во спротивен правец.

При тоа утврдено е дека лицето е И.Г.(87) од Скопје. И.Г. е лишен од слобода по член 297 а став 1 од Кривичниот законик. 

Во просториите на ПС ОН Карпош извршен е разговор со лицето и во консултација со јавен обвинител ќе биде поднесена кривична пријава. Возилото привремено е одземено за понатамошна постапка, информираат од МВР.

Сподели: