“22 Ноември, Денот на албанската азбука, нè потсетува на еден од најзначајните моменти во албанската историја. Конгресот во Битола од 1908 година означи пресвртница за јазикот, образованието и националниот идентитет. Битола стана местото каде што албанските преродбеници ги обединија знаењето, визијата и посветеноста за една заедничка цел. Нивната одлука беше повеќе од јазично достигнување; таа претставуваше чин на далекувидост, единство и одговорност кон идните генерации.
Јазикот го отелотворува идентитетот на еден народ. За Албанците, тој засекогаш останува обединувачка врска, носител на историјата и нераскинлив израз на достоинството на народот. Во Северна Македонија, тој исто така претставува мост на комуникација, разбирање и соживот меѓу нашите граѓани.
Во својство на претседател на Собранието на РС Македонија, во која Албанците се државотворен народ, овој ден го сметам како момент за размислување за нашата заедничка одговорност да ги гарантираме еднаквоста, почитувањето на јазичниот и културниот идентитет, правичната застапеност и еднаквите можности за сите. Ова се темелни вредности за изградба на демократска, праведна и инклузивна држава.
Нека 22 Ноември ни послужи како потсетник дека почитувањето на јазикот и идентитетот на едни со други е темел на единството и на нашата заедничка иднина.
Најискрени честитки до сите Албанци, каде и да се наоѓаат. Честит 22 Ноември – Денот на албанската азбука!” – Африм Гаши, Претседател на Собранието на РС Македонија.


