Честитки од Столтенберг и Курц до новоизбраниот претседател Стево Пендаровски

Сподели

По вчерашното гласање за нов претседател на државата и победата на кандидатот Стево Пендаровски, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му ја честиташе победата на твитер.

Столтенберг на Твитер напиша: „Честитки до Стево Пендаровски за победата на претседателските избори, со нетрпение чекам да работам за вас за прием на Северна Македонија како триесетта членка на НАТО“.

И австрискиот канцелар Себастијан Курц кој исто така преку Твитер му честиташе на Стево Пендаровски напиша: „Честитики за новозибраниот претседател на Северна Македонија Стево Пендаровски. Ќе продолжиме да ја поддржуваме вашата земја на патот кон членство во ЕУ“.