Четврта жртва на западнонилската треска

Сподели:

 Директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана изјави дека има нов, четврти, смртен случај на западнонилска треска. Починатиот бил на возраст од 76 години и се лекувал 27 дена на Клиниката, но поради дополнителните придружни сериозни заболувања и тешката невроинвазивна форма на мозокот и мозочната обвивка во доцните попладневни часови настапи летален исход.

Во моментов, хоспитализирани се 20 пациенти со западнонилска треска од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, додека два случаја се водат клинички како суспектни. На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика и кај нив се одвива лекувањето според сите клинички протоколи.

Нов сомнителен случај е 24-годишен пациент, кој е хоспитализиран со невроинвазивна инфекција. Кај пациентката пак, која беше вчера хоспитализирана, потврдено е присустувото на вирусот западен нил.

“Тоа што и ние како клиничари го предвидувавме со вчерашниот ден се потврди дека кај 25-годишната пациентка која се водеше како клинички суспектна, се потврди невроинвазивна форма на инфекција.

Секој потврден позитивен случај мора да се лекува болнички.Сите кои се хоспитализирани на клиниката се со невроинвазивна форма. Тие се еден процент од 100 отсто заболени. Според статистиката, најтешка форма на болеста развиваат 1% од вкупниот број инфицирани. Сите пациенти се од Скопје.

Вкупно четири лица починаа од западнонилска треска во земјава,  а 15 се излекувани и се отпуштени од Клиниката за инфективни болести.

Сподели: