ЧИФТЕ АМАМ: „Културолошка инклузија на лицата со посебни потреби во Република Македонија“ 

Сподели

 

Чифте амам, „Културолошка инклузија на лицата со посебни потреби во Република Македонија“, 22. мај

Во Република Македонија досега многу малку се обрнуваше внимание на култоролошките активности на лицата со посебни потреби, а уште помалку на фактот тие директно да се вклучени во создавањето на уметност. Како македонското општество пристапува кон инволвирање во културните збиднувања на оваа категорија граѓани?

Процесот мора системски да се решава со заедничка соработка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование, невладиниот сектор, училиштата, родителите што ќе овозможи квалитетен живот од најрана возраст. Националната галерија на Македонија последниве години дава значителен придонес во подигнување на јавната свест за најранливите категории деца преку организирање на голем број ликовни работилници. Од досегашните искуства ваквите проекти го поткреваат духот и расположението кај сите што е мотив за нас како институција за што поголемо учество во следни проекти.

Оттаму во рамките на проектот „Уметност за сите“ кој е подржан од Холандската амбасада во Републка Македонија, Националната галерија на Македонија ја организира трибината со наслов „Културолошка инклузија на лицата со посебни потреби во Република Македонија“.