Чистење на езерата во Зоолошката градина Скопје

Сподели

Прв пат после повеќе од 13 години денеска се спроведува акција за чистење на двете големи езера во Зоолошка градина Скопје.

Во Зоолошка градина, започна вториот дел од операцијата „Чисти езера“. Од  утринава, екипи на „Улици и патишта” и „Водовод и канализација”, заедно со вработените во Зоо Скопје интензивно работат на чистење на езерото кое не беше исчистено повеќе од 13 години.

“Замерките на скопјани беа за езерата и навистина се во право. Чекавме да се подобрат временските услови и веднаш реагиравме. Се надевам во скоро време ќе имаме чисти езера” – изјави директорот Галетановски.