Спорт

Дали на повидок е нова трансфер бомба во Италија – Мурињо ја носи ѕвездата на Реал Мадрид!?

Сподели:

Жозе Мурињо сака значително да го засили тимот на Рома ова лето и следната сезона да се бори за врвот во Серија А.

фото: OZAN KOSE/AFP/Getty Images

Откако ја освои Конференциската лига, раководството е спремно да му даде солиден буџет на „Специјалниот“, а веќе пристигна првото засилување, Немања Матиќ.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мурињо работи на доведување на уште една голема ѕвезда, а станува збор за велшанецот Герет Бејл.

Тој во моментов е слободен агент откако му заврши договорот со Реал Мадрид, а Мурињо има одличен однос со Велшанецот.

фото: Getty Images

Бејл има понуди од Премиер лигата, но е спремен да ја прифати понудата на Мурињо и да се пресели во Серија А.

Дали на повидок е нова трансфер бомба во Италија останува да видиме во наредните денови.

The post Дали на повидок е нова трансфер бомба во Италија – Мурињо ја носи ѕвездата на Реал Мадрид!? appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: