Спорт

Нови тектонски промени во фудбалот – Повеќе ништо нема да биде исто!

Сподели:

ИФАБ, највисокото тело на фудбалски судии, одржува состанок во Доха, Катар, на кој треба да се одобрат измените во правилата на фудбалската игра.

Промените вклучуваат различни правила, некои се однесуваат на позицијата на играчите, некои измени и некои казнени одредби од играта како офсајд или играње со рака.

Една од измените се однесува на бојата на картонот што ќе ја добие играчот кој со рака ја спречува очигледната можност за гол на противникот.

Во тој случај ќе добие директен црвен картон, без разлика на кој дел од теренот е направен прекршокот.

Правилото кое се менува е позицијата на голманот при изведување пенал. Според новите пропозиции, голманот мора да биде на гол линијата со двете нозе при изведување на најстрогата казна! Значи не смее да стои пред или зад гол линијата.

Прашањето за офсејд ќе биде најдискутирано. Веројатно нема да се решава во Доха, но еден од предлозите е воведување „полуавтоматски“ офсајд.

Тоа е ситуација во која напаѓачот кој со задниот дел од телото може да ја допре топката во линија со одбраната. Во тој случај нема да се игра офсајд.

Пјерлуиџи Колина, претседателот на Комитетот на судии на ФИФА, изјави дека се уште се бара решение за проблемот со офсајд.

The post Нови тектонски промени во фудбалот – Повеќе ништо нема да биде исто! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: