Спорт

Ден за ждребка: Македонските ракометарки денес ќе ги добијат ривалките за групата на ЕП

Сподели:

 

Европското првенство во ракомет за жени 2022 година, ќе се оддржи од 4 до 20 ноември, а како земји домаќини се Македонија, Словенија и Црна Гора.

Денес, во 17:00 часот во Љубљана ќе се одржи ждреб за оформување на групите, по која Македонија ќе ги дознае противниците за Европското првенство, а истиот ќе може да се проследи во живо на: ТВ Арена Спорт и live stream-ови на EHFTV, YouTube каналот The Home of Handball и на Facebook страната EHF EURO.

Вкупно 16 репрезентации ќе учествуваат на EHF EURO 2022, и се поделени во 4 шешири.

Македонија ќе игра во групата Ц, во Скопје, и е сместена во третиот шешир со Словенија, Хрватска и Германија, а не може да се игра ниту против Црна Гора која е во групата Д и Унгарија која оди во групата А. 

 

 

Шешир 1: Норвешка, Франција, Данска, Полска
Шешир 2: Холандија, Црна Гора, Шведска, Унгарија
Шешир 3: Словенија, Македонија, Хрватска, Германија
Шешир 4: Шпанија, Романија, Србија, Швајцарија

 

Извлекувањето на групите ќе може да се следи во живо на EHFTV (https://ehftv.com/home), Facebook (https://www.facebook.com/events/389998379652833), YouTube (https://www.youtube.com/watch?v=RvVoe1kh_YA)

Натпреварите од втората рунда ќе се играат во Љубљана и Скопје, додека полуфиналињата и финалето ќе се одржи во Љубљана.

Сподели: