Настанот е предвиден да се одржи по следниот редослед:
• 09.40 – Аеробик загревање
• 10.00 – Старт на трка на 3км
• 10.45 – Прогласување на најдобрите
• 11.00 – Лотарија
По прогласувањето на најдобрите, следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички. Подароците ќе бидат обезбедени од партнерите на трката.
• до 08.03.2023 / 300 денари
• до 04.04.2022 / 350 денари
Пријавувањето е задолжително. Повеќе информации на www.zenskatrka.mk
Рокот за пријавување е и рок за уплата на котизацијата.
Пријавете се до 30 март 2023 и вашето име ќе биде испишано на стартниот број. Рокoт за пријавување трае најдоцна до 4 април 2023. На денот на трката не е можно пријавување. Подигнување на стартните броеви ќе биде на 7 и 8 април, а локацијата ќе биде дополнително објавена.
• стартен број со чип
• дигитален стартен пакет
• вода
• учество во лотарија
• осигурување
• подароци од спонзорите
Подигнувањето на стартниот пакет мора да биде направено лично од секоја учесничка.
При процесот на регистрација како дополнителен продукт може да купите и драј фит маица со логото на трката.
Цената на драј фит маицата е 500 ден. и истата ќе може да се купи најдоцна до 10 март 2023
По завршувањето на трката ќе има лотарија и прогласување на најдобрите.
Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три (според Chip Time) по возрасни категории.
По прогласувањето на најдобрите, следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички. Подароците ќе бидат обезбедени од партнерите на трката. Доколку при извлекувањето на среќните броеви добитникот не е присутен, ќе се извлекува нов среќен број, се додека не се додели наградата на некој од присутните.
• до 12 години
• до 14 години
• до 18 години
• до 30 години
• до 40 години
• до 50 години
• 50+ години
Старт и цел на трката ќе бидат на бул. Илинденска, во близина на фонтана Лотос, се трча еден круг од 3 км.
