“ДЕСТИЛАЦИЈА НА БОИ И ЗВУЦИ” – аудио-визуелен настан на Стефан Шашков

Сподели

 

Вечерва, со почеток во 20 часот, во галеријата на Факултетот за ликовни уметности – комплекс Педагошки факултет, ќе биде отворен уметничкиот настан Дестилација на бои и звуци, чиј автор е визуелниот уметник Стефан Шашков.
 
Станува збор за експериментален аудио-визуелен настан на кој посетителите ќе имаат прилика да земат активно учество во самиот настан, па врз поставените платна тие ќе имаат прилика да извршат свои ликовни интервенции.
 
Изложбената поставка на настанот ќе биде отворена за публиката се до 17-ти декември. 
 
На настанот со свој музички дел ќе настапат Дориан Јовановиќ – Axiotomic & Стефан Шашков – IXgram.