Во Грција важноста на потврдата за прележан Ковид-19 е 3 месеци

Сподели

 

Условите за патување во Грција се продолжени за уште една седмица, а единствената промена се однесува на оние кои прележале Ковид-19 и потврдата повеќе не важи од 30 до 180 дена, туку од 30 до 90 дена по првиот позитивен тест, согласно новата министерска одлука што утрово стапи во сила, а се однесува и на државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

За вакцинираните и невакцинираните, правилата остануваа исти и непроменети, за првите потребен е сертификат за вакцинација, а за вторите негативен ПЦР или рапид тест како и тестирање при влезот во Грција, а за сите, за патување кај јужниот сосед, задолжителен е и PLF формуларот.

Грчката Влада донесе промени и го скрати времетраењето на потврдата за прележан Ковид-19 од шест на три месеци, одлука која се одразува и важи и за туристите, како што вчера објави МИА, по објаснувањето од владиниот портпарол Јанис Иконому.

Иконому објасни дека за потврдите се дава временски период до крајот на јануари, нешто што е вклучено и во министерската одлука, односно „остануваат во сила потврдите издадени од 15 јули 2021 година до 31 октомври 2021 година додека важи оваа заедничка министерска одлука“.

Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција стапи во сила утрово и важи до следниот петок 17 декември 2021 година во шест часот наутро, а МИА детално ги пренесува сите правила за патување кај јужниот сосед.