Школа со практична настава и конзерваторски активности во Стоби

Сподели

На археолошкиот локалитет „Стоби“ под водство на Томе Филов, конзерватор реставратор за мозаик во тек е  школа со практична настава и конзерваторски активности на подните мозаици во Епископската резиденција во Стоби во склоп со превентивните конзерваторски интервенции кои се предвидени за мозаичките фрагменти.

Претходно Филов и д-р Мишко Тутковски, виш документатор, двајцата вработени во НУ Стоби преку своите предавања ги запознаа учесниците на школата, со историјата на археолошките ископувања во Стоби, како и со реализираните проекти од областа на заштитата на културното наследство.